Информации за лекарства преведени на македонски јазик

 

Лекарствата доаѓаат во многу различни форми,  вклучувајќи: таблети, лекарства што се вдишуваат, инјекции, капки за очи, лосиони, сирупи, чепчиња и лепенки.

Лекарствата не се добиваат само на рецепти препишани од доктори, туку исто така од аптеки, заболекари, лица кои се бават со алтернативна медицина, продавници за здрава храна и супермаркети.

Многу е важно да му кажете на вашиот доктор и аптекар за сите лекарства што ги користите, вклучувајќи ги: лекарствата кои се препишани на рецепт, лекарствата кои се купуваат без рецепт, витамини, традиционални и билни лекарства, минерали, хранливи додатоци и било какви лекарства кои сте ги донеле од странство.

Иако лекарствата може да ви помогнат да се чувствувате подобро и да оздравите, важно е да знаете дека сите лекарства се корисни и опасни.  Всушност, секоја година 140,000 Австралијци се примаат во болница заради проблеми кои ги предизвикуваат лекарствата што ги примаат.

Некои од опасностите при користење на лекарства се:

  • Штетни реакции кога лекарството се зема заедно со одредени видови на храна, пијалоци, витамини  и традиционални или други лекарства. Колку повеќе ги земате лекарствата со овие работи, толку поголема е можноста да се појави реакција.
  • Лекарството не делува според очекувањата.
  • Лекарството предизвикува дополнителни здравствени проблеми.

Ресурси со информации

Информативните помагала кои можете да ги користите, а кои се наведени подолу, ќе ви помогнат повеќе да се запознаете со лекарствата, безбедно да ги користите и да научите повеќе за вашиот избор на лекарства.

Ако сакате да дознаете повеќе за вашите лекарства, зборувајте со вашиот доктор или аптекар.  Ако имате тешкотии да се разберете со нив, побарајте преведувач. Замолете го вашиот доктор или аптекар да телефонираат во Службата на австралиската влада за писмено и усмено преведување на  1300 131 450.

Medimate_Macedonian_image

Брошурата Medimate

Оваа брошура може да ви помогне да ги разберете и користите лекарствата во соработка со вашиот доктор, аптекар и други здравствени стручни лица.

Преземете примерок од оваа брошура.

Image of Macedonian Medicines List.

СПИСОК НА ЛЕКАРСТВА

Преземете примерок од оваа брошура.

MP_Macedonian

Управување со болка лист

Преземете примерок од оваа брошура.

GM_DL_macedonian

Зошто ни нудат избор на лекарства? - Брошура

Двојазична брошура што ќе ви помогне да го разберете изборот на марки на лекарства и колку е важно да ја знаете активната состојка во вашето лекарство.

Преземете примерок од оваа брошура.

fact sheet

Преземете примерок од оваа брошура.

 

 


Прегледување на домашните лекарства (Home Medicines Review)

Вашиот доктор и аптекар може заедно да соработуваат за да ги прегледаат сите ваши лекарства.

Други Интернет страници

За други преведени здравствени информации, посетете ги следните Интернет страници:

 

NPS – линија за лекарства

Телефонирајте на Линијата за лекарства на  1300 633 424 (1300 MEDICINE). NPS-линијата соработува со телефонската служба healthdirect Australia за да може да им дава информации на потрошувачите во врска со препишаните лекарства, лекарствата кои се купуваат без рецепт и комплементарните лекарства. Во оваа служба можете да се јавите од понеделник до петок, од 9 ч. наутро  до 5 ч. попладне (според австралиското источно мерење на времето) по цена на локален телефонски повик (повиците од мобилни телефони може да се поскапи).

Ако ви треба преведувач, телефонирајте во Службата за писмено и усмено преведување  (TIS National) на 131 450 и побарајте да зборувате со некој на Линијата за лекарства на  1300 633 424 (1300 MEDICINE). Линијата за лекарства не е служба за итни случаи.

Службата NPS и Австралискиот сојуз на советите на етничките заедници  (Federation of Ethnic Communities' Councils of Australia (FECCA)) работат заедно со цел  да промовираат безбедно и разумно користење на лекарства во заедниците од различно културно и јазично потекло.

За повеќе информации, ве молиме испратете ни порака преку електронска пошта.